fbpx

Бан Ки-мун: Светот мора да се обедини за да ги победи терористичките групи

-

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, денеска изјави дека светот мора да се обедини за да ги победи терористичките групи, но и предупреди дека по терористичкиот напад во Париз, не смее да дојде до одмазда и до понатамошна дискриминација на муслиманите, а особено на бегалците и на мигрантите.

Тој, на обраќањето пред Советот за безбедност на ОН, посочи дека светот мора одлучно да ги поддржи земјите што граничат со Сирија, а кои досега згрижија милиони бегалци.

– Во светот сè погласни се апелите за донесување план за заздравување на тој регион, кој по свој обем би можел да биде сличен на Маршаловиот план. Ве повикувам да ја разгледате оваа идеја кога ќе биде претставена, за што се надевам дека наскоро ќе се случи – изјавил генералниот секретар на ОН.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Србин измамен во центарот на Скопје, одземени му биле 300 евра

С.А.(63) од Србија вчера во полициска станица пријавил дека бил измамен од две лица од кои бил пресретнат околу 10.30 часот на подрачјето на Центар, информира МВР. Според пријавеното, едното...