fbpx

Бан Ки-мун исклучително загрижен поради бегалската криза

-

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, денеска рече дека е исклучително загрижен поради однесувањата спрема бегалците и мигрантите во Европа и повика на сочувство со нив.

Ки-мун ги повика сите европски лидери да покажат лидерство и сочувство кога ќе се сретнат в среда на европскиот самит за бегалската криза.

„Генералниот секретар е исклучително загрижен поради сè полошата ситуација со која се соочуваат бегалците и мигрантите на патот кон Европа“ , се вели во соопштението од кабинетот на генералниот секретар на ОН.

Тој, исто така, изразил загриженост и поради затворањето на некои граници во Европа и недостигот од соодветни капацитети за прием на беалците, како и за сè почестите случаи на апсења на баратели на азил и на мигранти.

Генералниот секретар на ОН минатата седмица порача дека е шокиран од однесувањето спрема мигрантите во Унгарија, чии власти ја затворија границата со Србија, а полицијата употреби водени топови.

Министрите за внатрешни работи на ЕУ ќе се сретнат утре во обид да ги усогласат своите одговори на кризата, во пресрет на вонредниот самит кој ќе биде одржан в среда.

Ки-мун ги повика лидерите на ЕУ да усвојат заеднички пристап во согласност со меѓународните обврски и да го почитуваат духот на Повелбата на Обединетите нации.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...