fbpx

Автоматска секретарка на телефон спасила повреден во сообраќајка кај Штип

Телефонот бил програмиран автоматски да даде информација на 112 во било која европска држава и пошироко, дека најверојатно се случила сообраќајна  незгода, а лицето што го поседува мобилниот телефон не е во состојба да се јави

-

Центарот за управување со кризи информира дека рано утрово преку Единствениот европски број за итни случаи 112 добиле невообичаена говорна порака на англиски јазик од автоматска секретарка на мобилен телефон од повреден возач, кој доживеал сообраќајна несреќа. Телефонот бил програмиран автоматски да даде информација на 112 во било која европска држава и пошироко, дека најверојатно се случила сообраќајна  незгода, а лицето што го поседува мобилниот телефон не е во состојба да се јави.

Несреќата се случила на територија на село Чалошево, на три километри по магистралниот пат во правец Велес – Штип. Во излетаниот автомобил имало едно лице кое било повредено и заглавено. По извлекувањето Итна медицинска помош го однела во болница во Велес, а потоа, заради сериозноста на повредите во Хируршките клиники во Скопје.

Од ЦУК информираат дека ова е редок пример за спасување лице кое не е можност да се јави, а мобилниот телефон автоматски испраќа порака за можна случена сообраќајна несреќа на 112, а со повикот се испраќаат и координати за локација на возилото.

„Во ЦУК, согласно процедурата, веднаш се забележани координатите на локацијата од каде што е примен повикот и почна итна проверка на вистинитоста, бидејќи ваквите повици се невообичаени и се проверуваат во соработка со МВР, дали се активирани од реална незгода или се случајни“, информираат од ЦУК.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...