fbpx

Апелација ги потврди казните на обвинетите во случајот „Агент“

-

Апелацискиот суд во Скопје ја потврди првостепената пресуда за случајот „Агент“, со која на затворска казна од две години се осудени поранешниот директор на управата за безбедност и контраразузнавање, Слободан Богоевски, адвокатот Владо Пешликоски и претставникот на „Меркатор“, Митја Валич, а на казна затвор од три години, за финансиски малверзации, е осуден адвокатот Васко Томановиќ, објавува порталот „Академик“.

Во предметот за случајот „Агент“ им се судеше на уште две лица, за кои, пак, е потврдена условна казна во траење од две години, која нема да се реализира доколку тие во наредните четири години не сторат ново кривично дело.

Адвокатите на осудените, за „Академик“ не сакале да ја коментираат одлуката на судот, бидејќи, како што изјавиле, сè уште не ја добиле.

Судењето за „Агент“ траеше два месеца. Шесттемина обвинети се товареа дека преку фиктивни договори и фиктивни фирми-ќерки на кипарски „Централ балкан инвестмент“ и на словенечки „Меркатор“ переле пари. Тие го негираа обвинението и тврдеа дека со договорот за купопродажба на плацот со површина од 19.000 квадратни метри во близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, ја спасиле Македонија од тужба пред арбитражен суд бидејќи продала земјиште што било за денационализација.

Покрај казната затвор, обвинетите ќе треба да платат отштета од околу 940.000 евра, средства кои, според пресудата, се смета дека биле стекнати со дејство на кривичните дела злоупотреба на службената положба и перење пари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...