Матни трговски трансакции во 134 земји од 2009 до 2018 година, меѓу нив и Македонија

Фото: Jason Leung на Unsplash

Организацијата „Глобален финансиски интегритет“ (Global Financial Integrity – GFI) документирала голем број случаи во меѓународни рамки на „трговски малверзации“, кога увозниците или извозниците намерно претставуваат лажна декларирана вредност на стоките на фактурите и уплатниците што ги испраќаат на царинските власти за нелегално да префрлаат пари преку границите, да избегнуваат даноци и/или царински давачки, да перат пари стекнати со кривични дела, да ги избегнат монетарните контроли или да ги скријат профитите во офшор инвестиции.

Со „набивање“ или „издушување“ на вредностите на стоките за увоз или извоз, трговците незаконски префрлаат пари преку границите во меѓународни рамки, преку нивно сокривање во редовни трговски исплати во меѓународниот трговски систем.
Трговските малверзации се сериозен проблем на два плана: и за царинските органи, посебно во светот во развој, но и за органите на законот коишто гонат финансиски малверзации.

Во основа, за оваа анализа се користени податоците за меѓународните тргувања објавени од Организацијата на обединетите нации (ООН), анализирани за да се дојде до податоци за нелегално тргнување.

Анализата опфатила период од 10 години и 134 развиени земји за коишто има податоци во базата на податоци Comtrade на ООН, односно периодот 2009-2018.

Според индексот, Северна Македонија е на 88-то место, односно од 493 поени во 2009, „дотуркала“ до 1.296 поени во 2018.

Вкупно, во сите 134 земји, во овој период се „испрале“ 1,6 билиони американски долари, односно толку изнесува јазот помеѓу трговијата на 134 земји со сите нивни глобални партнери.