fbpx

Антивладини протести во Бејрут – демонстрантите побараа одговорност за експлозијата

-

Катастрофално разорната експлозија во Бејрут, во која според последните информации загинаа 145 лица а околу 5.000 се повредени, предизвика антивладини протести во близина на парламентот во Бејрут.

Демонстрантите кои беа растерани со солзавец, изразија незадоволство од негрижата на Владата во однос на чувањето на 2.750 тони амониум нитрат што од 2013 било складирано на небезбеден начин кај пристаништето. Двајца владини функционери си поднесоа оставка, изјавувајќи дека потребна е промена на водството.

„Длабока промена од властите“ побара и францускиот претеседател Емануел Макрон кој вчера го посети Бејрут. Макрон повика и на меѓународна истрага.

Силната експлозија предизвика целосно уништување на централниот дел од градот каде што се наоѓа пристаништето, при што 350.000 луѓе ги изгубија своите живеалишта или тие се тешко оштетени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...