fbpx

Ангелов: Пожарите од година во година се сè позачестени и поинтензивни

Ангелов денеска ја отвори Регионалната работилница во рамки на проектот „Зајакнување на капацитетите за одговор на безбедносните ризици поврзани со климатските промени во Југоисточна и Источна Европа, Јужен Кавказ и Централна Азија“

-

Појавата на пожари на отворен простор, што вклучува пожари во шуми и на шумско земјиште, пасишта, земјоделско земјиште и други отворени површини, од година во година е сè позачестена и поинтензивна, рече директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов, кој денеска ја отвори Регионалната работилница во рамки на проектот „Зајакнување на капацитетите за одговор на безбедносните ризици поврзани со климатските промени во Југоисточна и Источна Европа, Јужен Кавказ и Централна Азија“ поддржана од ОБСЕ и Глобалниот и Регионалниот центар за следење на пожари.

Ангелов потенцираше дека во последните неколку години појавата на пожари е посебно изразена во втората половина на летото и во почетокот на есента, а оваа година сè уште е актуелна.

Ангелов посочи дека крајната цел на ЦУК со регионалната соработка на дел од балканскиот регион за запознавање со Македонскиот информативен систем за шумски пожари МИСШП (популарно познат како „Макфис“) што ЦУК го има воспоставено во соработка со Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA), е градење на регионални капацитети за управување со ризикот со пожари на отворен простор во областа на Западен Балкан, а со тоа и зајакнувањето на прекуграничната соработка и отпорност на овој ризик.

Во тој правец, Ангелов апелираше до организаторот да продолжи со поддршка на институциите од регионот во зајакнување на нивните капацитети за регионална соработка и помош во случај на пожари.

Денешната обука на работилницата е во насока на намалување на ризикот од пожари и управување со пожари на ниво на предел, во областите на планините Шар Планина и Кораб со вклучување на учесници од заштитените подрачја – националните паркови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...