fbpx

Анализите покажале енормно зголемена температура во училниците во ОУ „11 Октомври“

-

Водата за пиење во ОУ „11 Октомври“ е хемиски и бактериолошки исправна. Примероците воздух земени од училниците се исправни и не се најдени концентрации над дозволени граници на одредени параметри, освен енормно зголемена температура во училниците.

Анализите покажале и минимално зголемени концентрации на сулфур водород и на јаглерод моноксид кои можат, но не мора, во одреден период да го нарушат здравјето на децата.

Државниот советник во Министерството за здравство, Јованка Костовска, смета дека кога децата учат на многу висока температура, без проветрување, без доволно кислород, може да се јават главоболки, гадење и повраќање.

– Кај децата каде имаме и дијареа, можно е да е коинциденција со летните вируси што ги има и во други училишта по еден, два до три случаи. Ќе беше поинаку ако сите 40 деца беа со проливи, гадења, повраќања и тогаш навистина ќе стануваше збор за нешто посериозно – посочи Костовска.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...