Алијанса за Албанците во недела во 12 часот ќе има состанок на Централното собрание кое ќе расправа за референдумското прашање.

По состанокот на Централното Собрание ќе има прес-конференција, каде претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, ќе ги информира новинарите за одлуката на Централното Собрание.

Претседателот на Собранието Талат Џафери вчера достави известување до пратеничките групи во кое бара до понеделник да одговорат дали ќе учествуваат во јавната пропаганда за референдумот која треба да ја спроведе Собранието, како и за тоа каква кампања ќе водат, дали ќе бидат „за“ или „против“ референдумското прашање.

Известувањето е упатено до координаторите на пратеничките групи на СДСМ, ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ, Беса, како и до пратениците на ДПА и Алијансата за Албанците.

Рокот од три дена што Џафери им го дааде на координаторите на пратеничките групи за да го известат е заради планирана и соодветна распределба на овие средства за реализација на јавната пропаганда.