fbpx

Ако Камчев има право на пасош, Милошоски има право да преговара за СЈО

-

Специјалната обвинителка Катица Јанева даде изјава во врска со судбината на СЈО и новиот закон која „Вистиномер“ ја смета за недоследна:
„Не очекувам големи проблеми со новиот закон, тука е членот 105. Јас мислам дека и меѓународната заедница дава јасни насоки како и позицијата, освен опозицијата која е лично засегната. Во овој случај дава отпор, но мислам дека и тоа ќе се надмине. Не може да преговара лице кое веќе има предмет во предистрага и во истрага и дава квалификации за СЈО, за мојата личност, или за било кое прашање порзано со СЈО. Тука мислам на Антонио Милошоски кој многу се занесува во своите изјави“
[Извор: 21ТВ\Aнтонио Милошоски многу се занесува…, 05.06.2019]

Специјалната обвинителка и шефица на СЈО Катица Јанева, според пренесувањето на повеќетомедиуми, дала изјава која е недоследна во однос на учеството на пратеникот Антонио Милошоскиво преговорите помеѓу власта и опозицијата за новиот закон за јавно обвинителство со кое треба да се реши и судбината на СЈО.

Јанева, имено, му го оспорува правото на пратеникот Милошоски да учествува во преговорите од страна на опозицијата затоа што веќе имал два предмета, „во предистрага и во истрага“, и плус „давал квалификации за личноста на обвинителката или за кое било прашање поврзано со СЈО“, при што „многу се занесувал во неговите изјави“.

Изјавата на Јанева е целосно недоследна согласно Уставот, законите, меѓународните конвенции кои се дел од нашиот правен систем и тоа Јанева сигурно го знае, па оттаму, не е јасно зошто даде изјава со која дефакто, ја заборава презумцијата на невиност.

Секое обвинето лице се смета за невино додека неговата вина не биде утврдена со правосилна судска одлука – се наведува во Членот 13 од Уставот на РСМ.

Од друга страна во Член 9 на истиот документ, се наведува дека граѓаните се еднакви и пред Уставот и пред законите и дека тие се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување; имотната и општествената положба.

Оттука, Милошоски кој дури и нема обвинение, туку е лица кое е истражувано од СЈО за казниви дела, сè уште е лице кое невино и кое според Уставот и законите е еднакво со сите други граѓани на земјата. Покрај тоа, како пратеник и висок функционер на партијата ВМРО – ДПМНЕ, главна опозициска партија во државата, тој може да учествува во преговорите за законот, без оглед дали Јанева мисли дека тоа е морално неспоиво и дали тој многу се занесувал.

Впрочем, самата Јанева во истиот исказ, но овој пат за прашањето за дозволата од СЈО за користење на времен пасош на Орце Камчев, кој исто така е лице што е предмет на истрага, вели дека презумцијата на невиност мора да се почитува:

– Знаете поради презумцијата на невиност, дека додека не се осуди човек секој е невин, истото се случи и со Орце Камчев и мора да дозволиме да протокот на финансиите на сметките на правните лица да продолжат бидејќи се работи за многу вработени кај тие правни лица кои исто така треба да земат месечни надоместоци –  изјави Катица Јанева – СЈО.

Зошто тогаш друг третман за Милошоски? Ако мислела Јанева на моралната неспоивост Милошоски да учествува во преговорите, тоа требаше да го нагласи, но дури и тогаш останува дилемата за доследност, зашто јавноста не мора да биде поведена од тоа што за некој пратеник се води предистрага или истрага, зашто ќе повториме, се претпоставува неговата невиност сè додека не се докаже обратното.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕУ воведе санкции кон Русија поради смртта на Навални

Вчера Европската Унија одговори на смртта на рускиот опозиционер Алексеј Навални со нови санкции, јавува ДПА повикувајќи се на дипломатски извори. Санкциите претходно ги најави шефицата на германската дипломатија Аналена...