fbpx

Лажна вест е дека капитенот на Вардар, Стоилов, одбил да се слика со градоначалникот Шилегов

-

Текстот „Столе не издржа, по Заев немаше сила да се слика и со Шилегов“ е пример за тоа како намерно можат да се шират лаги и дезинформации пишува „КриТинк

Текстот  шири лажна вест, дека капитенот на ракометниот клуб Вардар, по приемот кај премиерот Зоран Заев, одбил да се слика со градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Но, ако ваквата фотографија се провери убаво, ќе се види дека на неа и тоа како е интервенирано. Таа намерно е исечена и во овој случај злоупотребена со цел да се направи лажна вест и да се манипулира со јавноста.

 

Имено, градоначалникот Шилегов, на својот Фејсбук профил, во интерес на вистината, како што пишува, ја објави оригиналната фотографија:

Стојанче Стоилов е на една од заедничките фотографии. Нека не се шири невистина. Оваа фотографија (од мобилен) ја додавам во денешниот албум, а постот нека стои. Немаме потреба од било какви делби. Славиме луѓе. Европски шампиони !!!

П.С. Сликата ја (ре)објавувам, заради шпекулации дека Стоилов одбил да се слика

Она што може да се види од оригиналната фотографија е дека Стоилов се сликал со Шилегов и дека стои на крајот. Ама, изгледа, тоа за некого било совршена можност Стоилов да биде „исечен“ и едноставно да исчезне од истата. Но, дури и на исечената фотографија се гледа дел од неговото сако и раката.

Во веста има уште една лага, а тоа е дека фотографијата е преземена од РК Вардар во оригинал и дека на неа не е интервенирано. Но, ако отворите на Фејсбук профилот на РК Вардар, ќе видите дека таму фотографијата е целосна.

Ова е класичен пример за лажна вест и за манипулација со јавноста.  Задача на новинарот е да ја информира јавноста и да не шири лаги и дезинформации, но во случај кога постојат вакви вести, тогаш читателите не смеат така лесно да наседнуваат, туку мора да се информираат од повеќе извори. Читателите мора убаво да ги проверуваат информациите за да бидат сигурни во она што медиумите им го пласираат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...