fbpx

АЕК: Пад на претплатниците на мобилната, зголемување кај фиксната телефонија

-

Зголемен интерес кај граѓаните за фиксна телефонија или пак поголема продажба на пакетите на операторите за интернет и фиксна телефонија на една сметка? Невообичаен пресврт има на пазарот на електронски комуникации во земјава, каде што во изминатиов период има тренд на пораст на бројот на корисници на фиксна телефонија, а истовремено намалување на бројот на активни претплатници на мобилна телефонија.

Според извештајот на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за развојот на пазарот во последниот квартал од минатата година, вкупниот број претплатници на услуги во фиксна телефонија на 31.12.2019 година изнесувал 400.454, што е зголемување за 1,54 отсто во однос на третото тримесечје. Пораст на претплатници може да се зебележи и кај домаќинствата и кај деловните корисници.

Од друга страна, четирите оператори во мобилната телефонија на крајот од минатата година имале вкупно 1.921.013 активни претплатници, што е намалување од 6,54 отсто во однос на третиот квартал во 2019 година, кога во земјава имало 2.055.039 активни претплатници.

 

Во четвртиот квартал од 2019 година доаѓа до зголемување на пазарниот удел на постпејд претплатниците за 2,96 процентуални поени споредено со истиот квартал од претходната година, а во овој период за истата вредност е намален уделот на припејд претплатниците.

Сепак, податоците на АЕК покажуваат дека граѓаните многу повеќе зборуваат преку мобилен, отколку преку фиксен телефон. Имено, во четвртиот квартал од 2019 година претплатниците во фискна телефонија просечно зборувале 34,48 минути месечно. Најголем дел од разговорите се остварувале во сопствена фиксна мрежа и тие изнесувале 15,01 минути. Споредено со третиот квартал од 2019 година, може да се забележи намалување на волуменот на сообраќај кон сите дестинации, со исклучок на сообраќајот кон други мобилни мрежи.

Во последното тримесечје од 2019 година, претплатниците на мобилна телефонија просечно зборувале 238,59 минути. Најголем дел од разговорите се остварувале во сопствена мобилна мрежа и тие изнесувале 162,9 минути. Сообраќајот кон други мобилни мрежи во земјава е значително помал и изнесувал 70,57 минути. Споредено со третиот квартал од 2019 година, може да се забележи зголемување на волуменот на сообраќај кон сите дестинации, со исклучок на сообраќајот кон мрежи во странски држави.

Download Nulled WordPress Themes
Download WordPress Themes Free
Download Best WordPress Themes Free Download
Premium WordPress Themes Download
free download udemy course
download huawei firmware
Download WordPress Themes
free download udemy course