fbpx

Адеми: Средношколците ќе добијат диплома со која ќе може да се запишат на факултет и без државна матура

-

Усвоени се сет образовни мерки за непречено функционирање на воспитно-образовниот систем, соопшти министерот за образование, Арбер Адеми на прес-конференција по денешната владина седница.

Една од мерките е укинувањето на државната матура, училишната матура и завршниот испит за оваа учебна година. Притоа, учениците од основните и средните училишта не се враќаат во училишните клупи до крајот на наставната година, а наставата ќе продолжи да се реализира од дома.

„Средношколците ќе добијат валидни дипломи за завршено средно образование и со тоа сакаме да ги ослободиме од стресот за полагање во овие услови“, изјави Адеми.

Уписот на првачињата за учебната 2020/2021 година ќе се врши во јуни. Листите со запишаните првачиња, училиштата ќе ги објават најдоцна до 15 јули, а сите оние кои што не ги запишле своите деца, ќе добијат писмено потсетување. За уписите во средно училиште остануваат истите предвидени рокови.

Во врска со уписите за високото образованието, на првиот циклус академски и стручни студии во учебната 2020/2021 ќе може да се запишат сите оние кои положиле државна или меѓународна матура заклучно 2018/2019 година, лица кои се стекнале со диплома за завршено средно образование пред воведувањето на матурата и оние лица кои се стекнале со диплома за завршено средно образование во учебната 2019/2020.

Министерот информираше дека за една година се продолжува и важноста на студиските програми на сите три циклуси чија важност, акредитација престанала во акдемската 2019/2020 година.

Тој додаде дека ќе се обезбеди и наставен кадар за континуирано и непречено далечинско учење. Воедно, ниту една образовна институција нема да остане без раководни структури.

„На сите наставници кои до денот на прогласување на вонредна состојба, биле ангажирани со договори на определено, работниот однос им се продолжува до крајот на учебната година, а ќе се најде и замена за секое испразнето место. Исто така, донесена е одлука со која се продолжува мандатот на овие структури во основните и средните училишта доколку истите истекуваат или се истечени за време на вонредната состојба. Мандатите ќе бидат продолжени за 90 дена по престанокот на вонредната состојба“, вели министерот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...