Разговор со Ways2Help, победниците на Стартап викенд Скопје – Ковид19

Минатиот викенд се одржа настанот  “Startup Weekend Skopje” по десетти пат, но овој пат во онлајн издание – “Covid 19 edition”. Ова беше прв пат во нашата држава да се одржи настан целосно електронски, како и прв стартап викенд од ваков тип. Овој настан беше организиран од Агенцијата за иновации Solveo.

Овој настан им дава платформа на сите оние кои имаат некаква идеја од било која сфера и им овозможува да ја развијат во рок од 54 часа пред да ја презентираат пред експерти во таа област. Темата на овогодинешното издание беше фокусирана кон моменталната пандемија на Covid-19 односно пронаоѓање на решенија на предизвиците кои произлегуваат како последици на оваа ситуација.

Организаторите дошле до идејата за одржување на овој настан целосно онлајн како приклучување на иницијативата на глобално ниво. За предизвиците на дигитализација на ваков настан велат дека било полесно отколку што очекувале и дека сѐ поминало по план.

“Ние самите сме изненадени колку добро помина. Имавме доста дилеми и “стравови“, колку луѓе ќе се појават, како луѓето ќе работат виртуелно во тимови а не се ни знаат, дали ќе бидат воопшто мотивирани, како ќе се справуваме со технички проблеми, како ќе ги собереме сите на едно место и слично. Тоа што го видовме мислам дека ги надмина сите очекувања на нас како организаторите но и на учесниците и менторите. Немаше никакви проблеми со тимската работа, дури и сѐ одеше полесно отколку на offline настан. Буквално од 9 наутро до полноќ сите тимови работеа без престан. Тимовите функционираа одлично и беа многу сплотени.“ вели Драгана Нешовска од Solveo

Gepostet von Startup Weekend Skopje am Freitag, 24. April 2020

На овој настан учествуваа студенти, претприемачи како и ентузијасти од државата. Овие четириесет учесници се групираа во 8 тимови од кои што 5 продолжија во финалето. Реализацијата на овој настан беше поддржана од 26 стручни ментори и 4 судии.

Најдобрите три идеи беа:

– Ways2Help – платформа за поврзување на добротворните организации од владин и невладин тип, како и на индивидуи кои се заинтересирани да помонат со луѓето на кои што им е потребна помош. Покрај тоа, оваа платформа нуди и опција за волонтерска работа и редовно плаќање на режиски сметки.
– Neighbours – платформа која ги поврзува членовите од локалните заедници и им овозможува да им помогнат на најранливите со донации и услуги.
– QRCrew – апликација за шопинг која ги дигитализира малите локални продавници со помош на QR технологијата

Gepostet von Startup Weekend Skopje am Sonntag, 26. April 2020

Разговаравме со еден од членовите на тимот на Ways2Help, Ана Секуловска:

Што е проектот Ways2Help.us ?

– Ways2help.us https://ways2help.us/ е прва и единствена платформа во Македонија која има за цел да ги обедини и вмрежи сите компании, организации, индивидуалци кои сакаат да помогнат на оние кои им е најпотребна помош во овој момент без разлика дали е преку донација на храна, крв, облека, компјутер, одредена вештина или преку помош на семејство со исплата на сметка за струја, вода и сл.

Досега бевме сведоци дека има интерес и самостојни иницијативи, дека организациите имаат потреба од волонтери и после направеното истражување решивме да направиме платформа со која ќе ги обединиме сите иницијативи, вести и понуди со цел взаемна помош.Одлучивме да го промениме волонтерското искуство и да го направиме попривлечно и поедноставно за приклучување и на помладата генерација со #Ways2Help.

Наидовме на идејата Ways2Help и веднаш решивме да се случи. Од самиот почеток па дури и по завршетокот на настанот, целиот тим вложи заеднички напори, и во една вечер платформата и веб-страницата беа изготвени. Свесни сме дека за да успее ова ќе треба да продолжиме да ги правиме потребните прилагодувања, да работиме и доцна навечер и преку викенди. Досега имаме повеќе од 14 партнери, организации, компании, печатници и медиумски партнери како: „Црвен Крст“, „Вистински Дела на љубезност“, „Лице в Лице“, „HERA “,„ LGBT Тетово “,„ IT4Charity “,„ VCS “,„ Tech Park“ и други а допрва очекуваме и поголемо вклучување.

Ги вклучивме примарно најбараните услуги за: донирање на крв, снабдување со храна, санитарни производи, топла облека, опрема за домаќинства, волонтирање со вештини, како купување на намирници за групи со висок ризик, пешачење на кучиња и достава на лекови. Сите овие услуги се во согласност со мерките и со испорака поради наметнатите услови од COVID 19 ситуацијата.

Какво беше искуството на настанот?

– Интензивно, возбудливо, незаборавно и неочекувано. Со оглед на тоа дека се приклучивме последни, тимот го формиравме пред самиот почеток, имавме помалку од 54 часа за да ја развиеме нашата идеја, да се консултираме со менторите и да извлечеме фидбек од организации и индивидуалци за помалку од еден работен ден со цел да ја искристализираме идејата и да ја направиме реалност и притоа ја откриваме динамиката на нашиот тим бидејќи дел од нашите членови првпат се запознаа.

Она што го сфативме дека ни е предност и нè прави различни во споредба со другите платформи и идеи беше фактот дека повеќето членови во тимот беа долгогодишни волонтери со  искуство во соработка со различни организации како и во  координација и управување на истите. Постојат многу предизвици при справување со илјадници барања и сметавме дека е важно да обезбедиме едно збирно место и сигурна платформа каде вистинските луѓе се среќаваат едни со други со цел да помогнат. Така, за нас беше природно да ја искористиме експертизата што ја имавме досега како поединци и како тим и се насочивме да ја примениме за овој проблем.

Какво беше искуството од аспект на онлајн оддржување на настанот?

– Мислам дека целиот тим ќе се сложи дека наштата посветеност и напорна работа направија да не почуствуваме дека секој е дома и пред својот компјутер. Дефинитивно искуството во живо е поразлично, но овој пристап ни помогна да развиеме подобра комуникација, меѓусебно разбирање и ефективност. Константно бевме во комуникација и секој момент беше максимално искористен. Од идеја до реализација и оддржлива платформа со видео и креативи и поддржувачи навистина е фасцинантно кога ќе се сетиме што направивме досега и колку уште ќе допридонесеме со ваков елан и ентузијазам да помогнеме.

Секоја чест и на организаторите кои не бодреа за време на целиот настан и се потрудија се да оди во најдобар ред – StartUp Weekend Skopje, Solveo, фала ви дечки!

Какви планови имате за понатамошен развој?

– Првото нешто на нашата листа од понатамошни цели кои сакаме да ги постигниме е да работиме на склучување на официјални партнерства со организациите и развибање на дигиталната платформа. Иако сеуште не е официјализиран конкретен датум на финална верзија, напорно работиме на нејзина оптимизација.

Меѓувремено, се обидуваме да обезбедиме одржливост и се спремаме за настап на  Wolves Summit Live, настан кој поврзува преку 50 стартапи од Источна Европа со инвеститори и претставници на акцелераторки програми како и за финалето на StartUP Weekend – светско ниво.

Се надеваме дека оваа желба и интензитет на луѓе кои сакаат да си помогнат еден на друг, ќе продолжи и после кризата. Ако можеме да го олесниме тоа со нашата платформа и да помогнеме во развојот на локалните иницијативи, веруваме дека ќе имаме понатамошна одржливост.

Свесни сме дека има многу работа и отворени сме за идеи и соработка. Ги повикуваме сите доколку сакаат да ни се приклучат на иницијативата, да придонесат со насока, совет или волонтирање, да ни пишат тука: индивидуално или организациски исто така ве охрабруваме да  станете дел од нашата Facebook група или фан страна каде постојано ќе испраќаме известувања за акции и потребна помош.

Индивидуално – https://forms.gle/xentrdVZqVo2wUbo6

Организациски – https://forms.gle/NKceEhAT8eZnmaUp6

Фејсбук група – https://www.facebook.com/groups/ways2help.us/?source_id=107006907660438

Фан страна – https://www.facebook.com/ways2help.us/?modal=admin_todo_tour

Gepostet von Ways2Help am Sonntag, 26. April 2020