fbpx

По еколозите, и опозицијата бара оставка од градоначалникот на Битола

-

Градоначалникот на Битола, Владимир Талески, да си поднесе оставка, побара денеска битолската опозиција на седницата на општинскиот Совет. По најавите на еколозите од здружението „За нас се работи“ дека денеска на протест ќе бараат оставка од Талески, опозицијата на денешната седница излезе со барање Талески итно да си замине од функцијата поради неисполнетите предизборни ветувања и поради тоа што дозволил Битола да остане слепо црево во државата.

Во исто време, советничката од ВМРО-НП , Габриела Илиевска, побара одговор од Талески јавно да каже дали е во тек истрага против него и против други лица вработени во Општина Битола на раководни позиции и за што обвинителството ја води таа истрага.

– Дали е точно дека пред неполн месец е запленета службена документација од Општина Битола од МВР Битола? Ако е точно, тогаш зошто? Каква документација е запленета, од кои сектори и одделенија и по чиј налог е тоа сторено? Дали е точно дека е запленет и договорот за јавно приватно партнерство за паркиралишта, кој толку многу беше криен од сите нас? Сметам дека ова се прашања на кои е должен да им одговори на граѓаните на Битола бидејќи е избран од нив и е платен да работи во нивни интерес и тој, а и ние како советници – рече  Илиевска.

„Мета“ неодамна објави дека се води истрага против битолскиот градоначалник, откако опозицијата објави аудиоснимки во кои министри од владата на Груевски го коментираат работењето на градоначалникот, поврзувајќи го со криминални договори за училишен превоз.

И денеска за „Мета“ од битолското обвинителство потвруваат дека ги проверуваат основите на сомневање  изнесени во снимките и по допрен глас, како и тоа дека обвинителството прибира материјални докази поврзани за работата на Талески.

– Се работи по предметот, сите наводи се проверуваат и, секако, се прибавуваат документи – велат од обвинителството во Битола за „Мета“.

Инаку, денеска, во 18 часот, „За нас се работи“ оганизира  голем протест, со план демонстрантите цела ноќ да преседат пред зградата на Општината Битола, а в четврток да му го предадат барањето за оставка на градоначалникот.

А.Б.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...