fbpx

250 битолчани се пријавиле да ноќеваат пред Владата

-

Повеќе од 250 битолчани ноќеска остануваат пред Владата во Скопје. На повикот на опозицијата во општинската организација на СДСМ во Битола, првично се пријавиле околу 200 приврзаници и симпатизери на опозицијата, но по денешниот протест во Скопје, уште педесетина битолчани пројавиле желба ноќеска да останат и да кампуваат пред Владата, потврди за „Мета“ пратеникот и лидер на СДСМ во Битола, Васко Ковачевски.

Ковачевски вели дека на Илинденска веќе се местат шаторите каде ќе бидат сместени битолчани, а заедно со нив остануваат сите опозициски пратеници од Битола и од петтата изборна единица.

– Битолчани остануваат пред Владата и тоа во голем број. Повеќе од 250 граѓани, млади и повозрасни, веќе се тука во Скопје, на локацијата каде се поставуваат шаторите и се мести помала бина. Протестот заврши, но битолчани не сакаат да се вратат назад сè додека не падне Владата на Груевски. Тука остануваме сите пратеници од Битола, мажи жени, членови на општинското раководство и приврзаници на опозицијата – изјави за „Мета“ пратеникот Ковачевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...