fbpx

Во Куманово се пука и утринава, повредени уште тројца полицајци

-

Во Куманово се пука и утринава. Полицијата околу 7 часот имала уште една престрелка со вооружената група во Диво Насеље.

Според медиумите, во престрелката утринава се повредени тројца полицајци, кои итно се префрлени на лекување во Скопје.

Полицијата сè уште ги блокира сите влезови на населбата, а жителите од тој дел на градот од утрово немаат струја.

Жителите на Куманово велат дека утрово во градот, помеѓу 6.30 и 7.30 часот, се слушале кратки рафали и детонации, но дека сега е мирно.

Во вчерашните престрелки, загинаа петмина полицајци, а повеќе од 30 се повредени, соопшти министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

МВР соопшти дека акцијата била за елиминација на поголема терористичка група, составена од лица од земјава и од една соседна земја, која имала цел напади врз државни институции.

Нема информации за загинати цивили.

Акцијата во Куманово почна вчера утрото, околу 4.30 часот, и траеше во текот на ноќта и утрово.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...