fbpx

Меркел во посета на Москва на 10 мај

-

Германската канцеларка, Ангела Меркел на 10 мај ќе замине во Москва за да им оддаде почин на милионите убиени во текот на Втората светска војна.

Меркел денеска изјавила дека и покрај несогласувањата со Русија, нејзината посета на Москва е многу важна.

– Постојат големи несогласувања меѓу нас и Русија, вклучувајќи го и прашањето за она што се случува во Украина. Меѓутоа, важно ми е, заедно со рускиот претседател, да положам венец на Гробот на незнајниот јунак на 10 мај – изјавила Меркел на видеоблог, пренесува „Спутник“.

Во март, Меркел, заедно со уште неколку европски лидери, ја одби поканата да учествува на прославата на Денот на победата над фашизмот во Москва на 9 мај.

Русија на 9 мај одбележува 70 години од победата над нацистичка Германија. Меркел нема да присуствува на свеченоста, но наредниот ден ќе ја посети Москва и ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинска амбасада: Путин е нелегитимно изгласан за претседател

Спроведувањето на претседателските избори во Русија во окупираните територии на Украина ја прави победата на Владимир Путин нелегитимна, пишува украинската амбасада на С. Македонија во соопштение, во кое се...