fbpx

Грција ќе ги интензивира обидите за договор со кредиторите

-

Грчката влада со оптимизам очекува дека до недела ќе успее да постигне договор со европските партнери. Според информациите во Атина, извори од кабинетот на премиерот Алексис Ципрас изјавиле дека тој ќе ги интензивира преговорите и контактите со европските партнери за да издејствува напредок и договор до недела.

Оцените во Грција се дека реконструкцијата на преговарачкиот тим и менувањето на Јанис Варуфакис од главен преговарач, испраќа јасна порака до европските партнери дека Грција е сериозно посветена на процесот на постигнување договор и сака што побргу да се решат работите и незивесноста што виси над грчкиот народ и над грчката финансиска иднина.

Грчките медиуми, како весникот „Катимерини“, пренесуваат шпекулации дека новиот преговарачки тим ќе биде подготвен да настапи со помеки позиции во врска со грчките црвени линии, односно со прашањата за колективните договори, намалувањата плати и пензии, приватизациите и за хуманитарната помош.

Начинот на кој ќе настапи преговарачкиот тим и идеите за нови мерки кои би ги презела владата за да ја подобри сликата, ќе се дискутираат на состанокот на владата што ќе се одржи вечерва во Атина.

Според неофицијални информации, на состанокот постои можност да се разговара и за референдум во Грција доколку се случи преговорите и барањата на европските партнери да излезат од очекуваните граници. Владата, сепак, се чини, нема голема народна поддршка за референдумот.

Нова анкета за телевизијата „Мега“ покажува дека 61,9 отсто од испитаниците се противат на референдум, а само 37 отсто поддржуваат за договорот со кредиторите да се оди на референдум.

За утре во Грција се закажани масовни работнички протести, на кои ќе учествува и премиерот Ципрас, во знак на поддршка на народот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Димитров: Грција и Северна Македонија постигнаа договор во Преспа, не се враќајте назад

При полагањето на заклетвата, претседателката Гордана Сиљановска Давкова ја испушти придавката „Северна“ и рече само „Македонија“, и покрај тоа што истиот ден потпиша официјална заклетва под уставното име на...