fbpx

Стружанец осомничен дека продавал хероин

-

Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 40-годишниот Д.У. поради сомневање дека неовластено произведувал и пуштал во промет опојни дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, на 27 април, пријавениот, на 43-годишниот Д.Д., наркозависник од Струга, му продал помало количество опојна дрога хероин. Нивната средба се случила на пресекот на улиците Маршал Тито и Арсениј Јовков во Струга, по претходен меѓусебен телефонски договор.

– На местото на средбата, пријавениот Д.У. пристигнал со неговото патничко моторно возило, марка „форд мондео“ со струшки регистарски таблички, по што следела брза купопродажба на хероинот. Веднаш потоа, Д.Д. е пресретнат од полициските инспектори, при што тој се обидел да го исфрли хероинот запакуван во црна најлонска фолија – вели Димоски.

При извршен претрес во домот и во други простории кај пријавениот Д.У., во кујната, во фиока била пронајдена мала дигитална вага за мерење мали количества со траги од правлива материја. Дополнително, на првиот кат во неговата спална соба, над орманот, било забележано и едно мало пакување од црна најлонска фолија со правлива материја, идентично на пакувањето пронајдена претходно кај наркозависникот Д.Д.

Пронајдените предмети се одземени и предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи.

Пријавениот Д.У. е лице познато на службата против кое и досега, по слични основи, биле поднесувани кривични пријави.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...