fbpx

Пијано момче ги искршило стаклата на општинската зграда во Прилеп

-

Дваесет и двегодишно момче утринава со камења и со лопата ги искршило речиси сите прозорци од приземјето на општинската зграда во Прилеп, пренесуваат медиумите.

Инцидентот се случил околу 7 часот, кога момчето почнало со камења да го гаѓа објектот, а потоа зело лопата од еден од вработените во Јавното комунално претпријатие „Комуналец“, кој се нашол на местото, и продолжило со неа да ги крши стаклата.

Момчето по кратко време било приведено, а првичните информации велат дека 22-годишникот бил во алкохолизирана состојба.

Мотивите за инцидентот сè уште се непознати.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Договорени се општите начела за идната Влада“ – заврши средбата на ВМРО-ДПМНЕ со Влен

Денеска се сретнаа претстевници на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН кои ја договараат идната владина коалиција. Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беа присутни претседателот Христијан Мицкоски, потпретседателите Александар Николоски, Владо Мисајловски, Тимчо...