fbpx

Пет години затвор поради одгледување марихуана

-

По пет години затвор добија штипјаните Кирил Спасов и Методка Богатинов, кои одгледувале 57 засадени стебла марихуана и семки од растението. За Дине Челев, сопственик на викендичката, која била претворена во расадник за марихуана, Основниот суд попладнево изрече условна казна затвор во траење од три години.

Судот бил поблаг кон Челев бидејќи го пријавил случајот, а и подоцна соработувал со истрагата, соопшти портпаролот Стојан Михов.

– Сите тројца се осудени за кривичното дело производство и пуштање на промет психотропни супстанци и прекурсори, според Кривичниот законик – рече Михов.

Спасов и Богатинов, кои ја одгледувале марихуаната, им се познати на органите по слични дела.

Настанот е од јануари годинава, кога полицијата влезе во викендичката во населбата Суитлак, која целосно била прилагодена за одлгедување на марихуаната. Бил поставен и огрев во подрумскиот дел, каде биле засадени стеблата. Според Михов, ова е прв поголем случај на производство на марихуана во Штип.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полуматуранти од Подгорица славеле со факели, па го запалиле кровот на училиштето

Полуматуранти од основното училиште „Владо Милиќ“ во Подгорица го запалија училишниот покрив за време на церемонијата која ја имале со палење факели, по повод завршувањето на школувањето, пренесе „Н1“. Директорката...