fbpx

Вработените во „Завод и музеј“ од Охрид не го поддржуваат протестот на Синдикатот за култура

-

НУ „Завод и музеј“ од Охрид, со соопштение испратено до медиумите, се огласи дека не го поддржува протестот на Синдикатот за култура. Во прилог се доставени и потписи на 26 вработени, заедно со директорката Тања Паскали-Бунташеска.

„Врз основа на информациите од Министерството за култура, подготовките на новиот колектиовен договор во културата се во завршна фаза. Со овој договор ќе се одредат коефициентите за висината на месечните примања во областа на културата, а воедно се надеваме дека ќе бидат коригирани постојните аномалии во Законот за култура“, се вели во писменото соопштение.

Со посмртен марш од Бетовен, со чадори на кои пишуваше „Сфати ја разликата“, „Културата не е бирократија“, синдикатот денеска пред Министерството за култура порача дека се противи на измените во Законот за култура, според кои уметниците и вработените во другите институции во културата се сведени на административци.

Во период кога се подготвувал законот, Министерството не ги известило сите културни работници, а уште помалку не побарале мислење и сугестии од тие на кои се однесува законот. Сега, кога се почнало со примена, сите утврдиле дека Законот има нелогични решенија и не е применлив.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Град Скопје: Фирма без соодветни документи и дозвола монтира панорамско тркало пред „Борис Трајковски“

Фирма регистрирана пред само еден месец, без соодветни дозволи и документи кои гарантираат безбедност, монтира панорамско тркало и други реквизити во Општина Карпош пред арената „Борис Трајковски“, обвинува Град...