fbpx

Синдикат на култура: Дали СОНК нешто направил за вработените?

-

„Зачудува фактот што Синдикатот на образованието излегува со соопштение дека ја застапува културата и се бори за неа. За жал, изминатава деценија, вработените во културата имаат длабок впечаток дека се само буквата К во нивното име. Постоењето на хибриден синдикат во кој неприродно се врзани образованието и културата е незамисливо во 21 век. Впрочем и практиката покажа дека СОНК нема капацитет ниту, пак, познавање на нашата работа за да може да ги застапува нашите интереси“, се вели во реакцијата на Синдикатот на културата.

„Зарем воопшто некој во земјава смета дека вработените во образовните институции се компетентни да ги застапуваат правата на носителите на дејност во културата? Само да потсетиме дека во 2006 година, СОНК ги остави сценско-музичките уметници сами да се борат за сопствените права против Владата на Бучковски, токму во моментот кога синдикатот им беше најмногу потребен. Дали јавноста воопшто се сеќава дека СОНК некогаш направил некаков напор за вработените во музеите и во конзерваторските центри, во театрите и во библиотеките. Грижата за културата на СОНК најдобро ја одразува постојниот колективен договор, чии штети според Министерството за култура не можат да се санираат без детална анализа која трае веќе девет години. Во 2014 година СОНК бараше солидарност и поддршка од вработените во културата за неуспешните протести, под изговор дека борбата се однесува и на нас поради тоа што Министерството за култура ги одолжува преговорите за нов колективен договор. На еден регионален состанок, претставници на СОНК јавно кажаа дека доколку се исполнат барањата од образованието, протестот ќе биде прекинат, а културата може да продолжи сама да се бори. Овој став е јасен сигнал дека културата апсолутно не припаѓа во истиот синдикат со образованието“, стои во соопштението.

СОНК вели дека преговара за колективен договор, се вели во реакцијата, а никој не знае кои луѓе се нивните преговарачи и каков е нивниот кредибилитет во однос на различните дејности во културата.

„Токму поради тоа, неминовно се наметнува прашањето за квалитетот на овој договор и за неговата адекватност во однос на реалните права и обврски на вработените. Во Синдикатот на културата на Република Македонија влегуваат членови од синдикалните организации на 17 институции кои се столб на културата. СКРМ континуирано расте и има апсолутна поддршка од сите дејности на нашата сфера, поточно од оние луѓе што директно ја креираат и негуваат културата во Република Македонија. Без тие луѓе нема да постои уметност, нема да постои творештво, нема да постои културно наследство, а нашата татковина ќе биде само една безлична точка на глобалната карта“, се заклучива во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...