fbpx

Организацијата на американски држави на средба во Панама

-

Средба на врвот на Организацијата на американските држави денеска почнува во Панама. Првпат од 1962 година ќе има претставник и од Куба.

На Самитот ќе учествуваат државни и владини лидери од 35 земји, а најверојатно клучен момент на дневниот ред ќе биде враќањето на Хавана во заедничките американски структури.

На последниот форум на Организацијата во Колумбија во 2012 година, повеќето земји-членки истакнаа дека членството на Куба треба да биде обновено.

Поради присуството на кубанскиот претседател Раул Кастро во Панама, во обид да се подобрат американско-кубанските односи, се претпоставува дека е можна и средба меѓу него и американскиот претседател Барак Обама. Шефовите на овие две земји немаат остварено средба уште од времето на Карипската криза.

На Самитот во Панама ќе учествува и венецуелскиот претседател Николас Мадуро, кој е жесток противник на Вашингтон, кој воведе санкции против Каракас поради лошиот однос кон венецуелската опозиција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Димитров: Грција и Северна Македонија постигнаа договор во Преспа, не се враќајте назад

При полагањето на заклетвата, претседателката Гордана Сиљановска Давкова ја испушти придавката „Северна“ и рече само „Македонија“, и покрај тоа што истиот ден потпиша официјална заклетва под уставното име на...