fbpx

Коѕиас и Попоски разговарале за мерките за градење доверба

-

Мерките за градење доверба, енергетската и меѓуграничната соработка биле главна тема на разговор меѓу македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски, и неговиот грчки колега, Никос Коѕиас.

Коѕиас и Попоски се сретнаа денеска на маргините на состанокот за енергетска соработка на државите од Југоисточна и од Централна Европа.

Според соопштението од грчкото Министерство за надворешни работи, двајцата министри имале прв разговор за можноста за усвојување на мерките за градење доверба од грчка и од македонска страна. Според грчката страна, усвојувањето на мерките би можело да доведе до подобрување на билатералните врски и да го помогне процесот за наоѓање заеднички прифатливо решение во спорот за името. Коѕиас во разговорот со Попоски изразил поддршка за преговорите за спорот за името кои се одвиваат под палката на посредникот Метју Нимиц во рамки на Обединетите нации. Грчкиот министер, сепак, ги потврдил строгите грчки црвени линии и ставови во врска со македонската интеграција во ЕУ и во НАТО.

Ова е втора средба на Коѕиас и на Попоски, по нивната мартовска средба во Рига, каде Попоски првпат беше запознаен со грчката идеја за мерки за градење на довербата, кои Коѕиас тврди дека ги планира за да се подобрат довербата и соработката меѓу двете страни и да се стави крај на иредентизмот од македонска страна.

Покрај билатералното прашање, можноста за енергетска и прекугранична соработка, Коѕиас и Попоски разговарале и за ред други прашања од регионален интерес. Двајцата министри ја потпишаа заедничката декларација за енергетска соработка меѓу Македонија, Грција, Србија, Унгарија и Турција, со која се изрази политичка волја и поддршка за нов гасовод кој преку Турција би пренесувал гас на Балканот и кон ЕУ, чекор кој овие пет држави сметаат дека ќе помогне и за подобрување на соработката и на добрососедските односи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Последните часови од животот на Платон опишани во дешифриран свиток, бил облеан со вулкасни пепел од Везув

Нова технологија овозможи да се дешифрираат пасуси од свиток кој бил облеан со прашина од познатата ерупција на Везув во 79 година н.е. Во новооткриените пасуси може да се...