Обид за измама на граѓаните: Пријавена лажна дневна паркинг карта на Паркинзи на Општина Центар

Кодот води кон веб-адреса која нема поврзаност со ЈП ПОЦ и има за цел преку измама да се извлечат парични средства, велат од ЈП Паркинзи.

-

Денес е пријавена поставена лажна Дневна паркинг карта (ДПК) при која се злоупотребени дизајнот и логото на ЈП Паркинзи на Општина Центар, соопштија од оваа инститиција.

На картата стоел QR код кој треба да се скенира и да се изврши онлајн уплата за истата.

„Кодот води кон веб-адреса која нема поврзаност со ЈП ПОЦ и има за цел преку измама да се извлечат парични средства“, велат од ЈП Паркинзи.

Оттаму ги замолуваат граѓаните да бидат внимателни и доколку забележат ДПК од овој тип веднаш да го известат претпријатието.

Единствената веб-адреса за онлајн наплата на ДПК на претпријатието е https://users.poc.mk/PayDpk.

„Од наша страна во моментов се преземаат мерки за пријави до надлежните органи и информирање на јавноста со цел заштита на граѓаните“, велат од ЈП Паркинзи на Општина Центар.

Повторно растат заканите за нуклеарен одговор од страна на Русија

Со пораката дека Русија ќе ги постигне целите во Украина што беа зацртани со агресијата и инвазијата во февруари 2022 година и со припојувањето на регионите кон Русија на...