Обвинителството побара подготвителна постапка спрема дете за предизвикување на пожарот во Расадник

Детето кое е на возраст од 14 години, заедно со уште две деца помали од него, палеле петарди и жижици на земјена патека во месноста Расадник. Како последица на тоа, настанал пожар

-

Поднесено е барање за поведување подготвителна постапка спрема дете во судир со законот кое презело дејствија што со закон се предвидени како кривично дело – Предизвикување општа опасност, соопшти попладнево Јавното обвинителство.

Барањето е поради случајот со пожарот од вторникот кај Расадник во скопската општина Кисела Вода.

Како што соопштија од обвинителството, детето кое е на возраст од 14 години, заедно со уште две деца помали од него, палеле петарди и жижици на земјена патека во месноста Расадник. Како последица на тоа, настанал пожар што поради ветрот брзо се проширил на околната сува трева и зафатил површина од околу 3 хектари – дрвја, сандаци со пчели и неколку бандери за пренос на струја.

„Со пожарот била предизвикана значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од големи размери“, велат од Јавното обвинителство.

Бидејќи другите две деца не наполниле 14 години, не се кривично одговорни.

Пожар изби во Расадник, се шири кон бензиската пумпа и станбените згради

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

УСС УКИМ: Филозофскиот факултет ги повлече зголемените трошоци за студентите

Филозофскиот факултет ги повлече новововедените трошоци за „онлајн ресурси“ и „материјални ресурси“, што студентите на овој факултет требаше да ги плаќаат при запишувањето на претстојниот зимски семестар. Универзитетското студентско собрание...