Истрага за мајка од Велес осомничена дека го запуштила и оставила своето бебе на клупа на улица

Обвинителството тврди дека мајката го запуштила своето новородено дете и во услови на исклучително висока температура на воздухот од над 40 степени Целзиусови, го оставила на клупа, необлечено, неухрането и дехидрирано

-

Донесена е наредба за спроведување истрага против мајка на шестмесечно бебе кое на 12 јули годинава било оставено на клупа на улицата „8 Септември“ во Велес, соопшти Јавното обвинителство.

Бебето го забележал случаен минувач и го однел во велешката Општа болница, каде било примено во тешка општа здравствена состојба.

Во текот на предистражната постапка била издадена наредба за утврдување на ДНК профил на бебето и ДНК анализа, со кои се утврдило дека сега осомничената му е биолошка мајка на детето. Обвинителството тврди дека таа со грубо запоставување на својата должност за родителска грижа и воспитување, го запуштила своето новородено дете и во услови на исклучително висока температура на воздухот од над 40 степени Целзиусови, го оставила на клупа, необлечено, неухрането и дехидрирано.

По приемот во велешката болница, мајката на кратко го посетила бебето, по што си заминала и не се вратила, а обвинителството се сомнева дека со ваквите дејствија таа сторила кривично дело запуштање и малтретирање на дете.

Кај хоспитализираното бебе било констатирано тешко нарушување на здравствената состојба, а испитан бил и сведокот што го пронашол новороденчето.

Мајката сега е во бегство и е недостапна на адресата на која престојувала во Велес, а јавен обвинител доставил предлог за определување мерка притвор, кој ќе почне да се применува веднаш по нејзиното пронаоѓање и лишување од слобода.

Бебето, во меѓувреме, е ставено под старателство на Центар за социјална работа и е сместено во установа за згрижување деца без родителски надзор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Собирам пари за УКИМ“ – уметничка акција за истакнување на проблемите на студентите

Студентите кои денеска ги запишуваа своите трети, петти и седми семестри на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) налетаа на необична глетка - предмети како монитори, книги, јакни и...