Приведен осомничениот за напад со нож во петок во Германија

Осомничениот сам се предал на полицијата во градот Золинген, а вчера Исламската држава презеде одговорност за нападот

-

Германската полиција го уапсиле главниот осомничен за нападот со нож во западниот град Золинген во петок, каде пет лица беа убиени, а осум се здобија со тешки повреди, пренесува Би-би-си.

Во текот на вчерашниот ден беа приведени две други лица. Едното лице беше приведено по рација во центар за бегалци. Другото приведено лице беше 15-годишно момче, за кое полицијата изјави дека не смета дека е напаѓачот, но за која сметала дека имал информации за нападот.

„Човекот што навистина го баравме цел ден, штотуку е приведен“, изјави Херберт Реул, министер за внатрешни работи на покраината Северна Рајна-Вестфалија.

Инаку, Исламската држава вчера јавно презеде одговорност за нападот. Но, не е јасно каква е врската меѓу терористичката организација и напаѓачот – таа не приложи никаков доказ.

Нападот се случи на плоштад во центарот на Золинген, каде се славеа 650 години од основањето на индустрискиот град.

Напаѓачот по случаен избор бодел луѓе со нож на плоштадот, во околу 21:30 часот во ноќта. Според очевидци, напаѓачот се трудел да ги забоде луѓето во врат. Загинаа двајца мажи кои имале 57 и 67 години и една жена на 56-годишна возраст. Според полицијата, атмосферата на плоштадот била многу хаотична по нападот, што ја отежнала потрагата по осомничeниот.

Планираната тридневна прослава во градот беше откажана. Германскиот канцелар Олаф Шолц го нарече нападот „трагедија“, а фудбалските тимови од германската Бундеслига носеа црни ленти на рацете за време на натпреварите во знак на жалост.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

УСС УКИМ: Филозофскиот факултет ги повлече зголемените трошоци за студентите

Филозофскиот факултет ги повлече новововедените трошоци за „онлајн ресурси“ и „материјални ресурси“, што студентите на овој факултет требаше да ги плаќаат при запишувањето на претстојниот зимски семестар. Универзитетското студентско собрание...