Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, заедно со амбасадорката на Сојузна Република Германија во С.Р. Македонија, Н. Е. Петра Дрекслер, ги испрати пилотите и другиот воздухопловен персонал – тим од Германија со два ПП авиона „ер трактор”, кои помогнаа до справувањето со пожарите од поголеми размери во Македонија.
Притоа, Ангелов, искажа голема благодарност за помошта и до нив лично и до нивната држава.
Амбасадорката Дрекслер ја потврди посветеноста на Германија за продолжување на одличната соработка со Северна Македонија и изрази подготвеност за поддршка согласно можностите и потребите на двете земји при справувањето со кризните ситуации во наредниот период.
Ангелов и Дрекслер, заедно им врачија пригодни благодарници и скромен подарок за спомен на нивната мисија за воздухопловна противпожарна помош при справувањето со пожарите на отворено од поголеми размери во Македонија.