Бислимовски: Ниските сметки за електрична енергија се причина за големиот интерес за инвестиции во струја од сонце

За две години и седум месеци, во земјава изградени се и приклучени на мрежа капацитети што произведуваат струја од сонце со вкупна инсталирана моќност од околу 731 MW, a само еден блок од РЕК Битола има инсталиран капацитет од 233 MW

-

Од јануари до јули годинава, издадени се лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори со вкупна инсталирана моќност од 179,72 MW, покажуваат податоците на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

„Пониските сметки за електрична енергија е клучната причина зошто интересот за инвестиции во обновливи избори не запира. Помалите трошоци за струја несомнено е директниот бенефит што го имаат компаниите. Ако се гледа големата слика, токму поради овој отворен инвестициски циклус на приватната иницијатива во обновливи извори, попознат во јавноста како Елдорадо, државата забележа историски намален нето увоз на струја од традиционалните 30 отсто на 2,75 отсто во 2023 година“, веи претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски.

Податоците на РКЕ покажуваат дека за две години и седум месеци, во земјава изградени се и приклучени на мрежа капацитети што произведуваат струја од сонце со вкупна инсталирана моќност од околу 731 MW, a само еден блок од РЕК Битола има инсталиран капацитет од 233 MW.

Инаку во 2023 година, РКЕ издаla лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори со вкупна инсталирана моќност од скоро 399 MW, a во 2022 година се издадени 152,2 MW.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

УСС УКИМ: Филозофскиот факултет ги повлече зголемените трошоци за студентите

Филозофскиот факултет ги повлече новововедените трошоци за „онлајн ресурси“ и „материјални ресурси“, што студентите на овој факултет требаше да ги плаќаат при запишувањето на претстојниот зимски семестар. Универзитетското студентско собрание...