Заталкано зрно од ловџиска пушка погоди маж во Долни Балван

Повредениот бил пренесен во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош

-

Со повреди во пределот на раката вчера се здобил 33-годишен жител на штипското село Чардаклија, откако го погодило заталкано зрно од ловџиска пушка, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Настанот се случил вчера наутро околу 8 часот и 15 минути, додека повредениот бил во нива на местото викано „Брестика“ во атарот на селото Долни Балван во Општина Карбинци.

Тој бил пренесен во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош.

Полицијата најавува мерки за расчистување на случајот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

УСС УКИМ: Филозофскиот факултет ги повлече зголемените трошоци за студентите

Филозофскиот факултет ги повлече новововедените трошоци за „онлајн ресурси“ и „материјални ресурси“, што студентите на овој факултет требаше да ги плаќаат при запишувањето на претстојниот зимски семестар. Универзитетското студентско собрание...