Со повреди во пределот на раката вчера се здобил 33-годишен жител на штипското село Чардаклија, откако го погодило заталкано зрно од ловџиска пушка, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
Настанот се случил вчера наутро околу 8 часот и 15 минути, додека повредениот бил во нива на местото викано „Брестика“ во атарот на селото Долни Балван во Општина Карбинци.
Тој бил пренесен во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош.
Полицијата најавува мерки за расчистување на случајот.