Од полноќ поевтинуваат бензините

Ќе се намалат цените на нафтените деривати во просек за 0,91 отсто, најави РКЕ

-

Од полноќ ќе се намалат цените на нафтените деривати во просек за 0,91 отсто, најави Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).

Еуросупер БС – 95 ќе се продава по цена од 81 денар за литар, а Еуросупер БС-98 по цена од 83 денари за литар. Дизел горивото ќе се продава за 73 денари за литар, односно за 0,50 денари за литар помалку.

Екстра лесно масло за домаќинство ќе чини 71,50 денари за литар, односно и двата се намалуваат за 1 денар за литар.

Се намалува и цената на мазутот за 0,275 ден/кг, со што ќе се продава по цена од 44,381 денари за килограм.

Од РКЕ известуваат дека курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,1439 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

УСС УКИМ: Филозофскиот факултет ги повлече зголемените трошоци за студентите

Филозофскиот факултет ги повлече новововедените трошоци за „онлајн ресурси“ и „материјални ресурси“, што студентите на овој факултет требаше да ги плаќаат при запишувањето на претстојниот зимски семестар. Универзитетското студентско собрание...