Бремените жени и повозрасните лица се ослободени од работа до 18 јули

На денешната седницата Влада одлучи од утре до 18 јули да се ослободат од работни обврски бремените жени и лицата над 60 години, градежните активности на отворено да се ограничат пред 11 или по 17 часот, исто како и активностите на отворено на децата во детските градинки

-

Поради надојдениот топлотен бран кој ја опфати државата, владата донесе препораки за ослободување од работа на неколку категории граѓани и забрана за физичка активност на отворено.

На денешната седницата владата одлучи да се ослободат од работните обврски бремените жени и лицата на возраст над 60 години во периодот од 12 до 18 јули 2024 година.

Во соопштението на Владата стои дека е „Работодавачите треба да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и на работниците кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење на градежни и други физички активности на отворено во период од 11 часот до 17 часот“.

Дополнително на владина седница се донесе одлука за детските градинки да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во период од 11 до 17 часот.

Доставени се и препораки до единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да пружат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и на бездомници. Акцент е ставен дополнително на работодавците кои е потребно да ги следат законските прописи во делот на извршувањето на работните обврски на отворено.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Мицкоски: Ќе му биде врачен демарш на бугарскиот амбасадор Радуков

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави ќе му биде врачен демарш на бугарскиот амбасадор во Северна Македонија Желјаско Радуков во врска со неистакнувањето на македонско знаме за време на посетата...