fbpx

Коце Трајановски ќе раководи со државните патишта, одлучи Владата

Тој доаѓа на функцијата на местото на Ејуп Рустеми

-

Коце Трајановски, поранешниот градоначалник на Скопје е назначен за нов директор на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП). Тој доаѓа на функцијата на местото на неговиот претходник, Ејуп Рустеми.

Владата вчера постави нови директори на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, на Управата за извршување на санкции, на Агенцијата за храна и ветеринарство и „Национални шуми“.

Сашо Клековски беше назначен за директор на Фондот за здравствено осигурување, Александар Пандов за директор на Управата за извршување на санкции додека пак Здравко Трајанов ќе раководи со „Национални шуми“. На позицијата ВД директор на Дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони е назначен Гоце Димовски.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани сто години на Литванскиот фестивал на песната и танцот

Во Литванија се одбележа стогодишнината од Литванскиот фестивал за песна и танц, посветен на народната музика на балтичката земја. Фестивалот, коj се одржува традиционално на секои 4 години поради долгите...