Потпретседатели на Собрание: Бендевска е од РС Македонија, Милошоски е болен

Бендевска измисли нова верзија на името на државата, откако претседателката Гордана Сиљановска Давкова кога ја даваше заклетвата, рече само „Македонија“

-

Новата потпретседателка на Собранието, Весна Бендевска денеска кога ја даваше  свечената заклетва, не го кажа уставното име на државата, Република Северна Македонија, туку во два наврата рече „РС Македонија“. Ова е нова верзија на името на државата, откако претседателката Гордана Сиљановска Давкова кога ја даваше заклетвата, рече „Македонија“.

За потпретседатели на Собранието денеска беа избрани и Јован Митрески од СДСМ и Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ кој, како што образложи претседателот на Собранието, Африм Гаши, од здравствени причини не бил присутен и ќе дал заклетва на наредна седница. Митрески при давањето на заклетвата, пак, го кажа уставното име на државата.

За изборот на потпретседателите немаше воопшто дебата, со оглед дека претходно беше постигнат меѓупартиски договор на власта и опозицијата.

За Антонијо Милошоски гласаа 69 пратеници, за Јован Митрески се изјаснија 82 пратеници, а за Весна Бендевска гласаа 70 пратеници.

Македонските стрип-автори меѓу најбројните на Меѓународниот салон во Белград

На 21. Меѓународен салон на стрип во Белград, кој од 26 до 29 септември се одржува во Студентскиот културен центар, македонските учесници традиционално се меѓу најбројните. На распишаниот стрип-конкурс...