fbpx

Израел продолжува со нападите врз Газа, се зголемуваат тензиите на границата со Либан

Десетици илјади жители се евакуирани од своите домови од двете страни на границата, а притисокот за решавање на тензичната ситуација расте, но дипломатските напори засега не вродија со плод

-

Израелската армија продолжи со нападите во Појасот Газа, особено централниот дел на опколената палестинска територија, во време кога нема напредок во преговорите за примирје со екстремистичкиот Хамас и додека расте тензијата на северната граница на Израел со Либан, пренесува агенцијата Франс прес.

Во болницата во градот Деир ал Балах во центарот на Газа, луѓето се собраа околу телото на 11-годишното момче кое беше убиено во бомбардирањето на блискиот бегалски камп Буреиџ.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска потврдија дека војниците ги продолжуваат операциите во центарот на Газа, каде воени авиони погодија група екстремисти и „екстремистичка структура“ во областа Зејтун.

Стравувањата од поширок конфликт на Блискиот Исток сега повторно се засилени бидејќи либанскиот Хезболах, поддржан од Иран, истрела низа ракети и лансираше беспилотни летала наполнети со експлозив врз израелски воени цели во средата и вчера, во четвртокот.

Франс прес објавува дека Хезболах изјавил дека станува збор за одмазда за убиството на командантот на шиитската екстремистичка организација во израелски напад во вторникот.

Сирените утрово се огласија во северниот дел на Израел, а полицијата најави напад во областа Кирјат Шмона, но нема информации за жртви.

Телевизијата подоцна објави снимки од оштетени згради и автомобили и пожари на неколку локации предизвикани од удари од јужен Либан во пограничната област, објави Ројтерс.

Хезболах и израелската армија се судираат речиси секојдневно повеќе од осум месеци додека трае војната во Газа.

Се чини дека ниту една страна не сака поширок конфликт, но расте загриженоста дека континуираната ескалација може да предизвика ситуацијата да излезе од контрола и да се закани со поширок конфликт во регион каде што веќе има директна размена на оган меѓу Израел и Иран.

Убиството на висок командант на Хезболах во израелски напад во јужен Либан во вторникот го предизвика најжестокиот истовремен напад со ракети и беспилотни летала врз Израел од почетокот на војната во Газа во октомври минатата година.

Десетици илјади жители се евакуирани од своите домови од двете страни на границата, а притисокот за решавање на тензичната ситуација расте, но дипломатските напори засега не вродија со плод.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Податочните центри во Ирска потрошиле повеќе струја од сите домаќинства заедно

Податочните центри во Ирска потрошиле повеќе струја од сите домаќинства во државата заедно, пренесува Гардијан. Според Државниот завод за статистика на Ирска, податочните центри искористиле 21 отсто од електричната енергија...