fbpx

Битолчанец истурил бензин и запалил слот машини во казино

Со тоа предизвикал пожар кој зафатил дел од инвентарот и предизвикал значителна опасност по животот и телото на луѓето и по имотот од големи размери, наведено е во соопштението од Обвинителството

-

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 35 годишен жител на селото Долно Оризари, кој е осомничен за кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик, соопштија денеска во Обвинителството.

„На 2 март, во вечерните часови, осомничениот влегол во казино на улицата „Лазо Трповски“ во Битола, се качил на спратот од објектот каде што имало и други лица, па истурил бензин врз шест слот-машини и ги запалил. Со тоа предизвикал пожар кој зафатил дел од инвентарот и предизвикал значителна опасност по животот и телото на луѓето и по имотот од големи размери“, наведено е во соопштението.

Оттаму додаваат дека по предлог од надлежниот јавен обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола, определил мерка притвор во траење од осум дена за осомниченото лице.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Честитки за победата на ВМРО-ДПМНЕ на двојните избори од Гир, Вархеји, Пленковиќ и Лосон

Честитки за победата на претседателските избори доби денеска Гордана Сиљановска-Давкова. Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска преку објава на Икс ѝ ја честиташе победата. „Очекувам тесна соработка со неа за европската иднина на...