fbpx

Новите возачки и сообраќајни дозволи ќе бидат бесплатни за граѓаните

Владата на денешната седница донела одлука и патните листови, кои инаку чинеа 30 евра, да бидат бесплатни за сите македонски државјани кои се во странство а при тоа не успеале да го променат пасошот за да се вратат назад

-

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи ја потврди најавата на лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски дека замената на сообраќајните и возачките дозволи ќе биде бесплатни за граѓаните, до крајот на годината.

„Пратеничката група на СДСМ вчера, нормално и претседателот на Собранието кој е сега од нашата партија низ разговор со сите политички партии дојдоа веднаш до консензус дека треба да се продолжи рокот на важењето на документите кои се за внатрешна употреба и тоа се направи. Нашите министри денес на Владата ќе предложат решение со кое што замената на возачките дозволи и сообраќајните дозволи до крајот на годината ќе биде бесплатно на трошок на државата за да може и тој процес до крајот на годината да се реализира како што треба“, рече утринава Ковачевски.

Вицепремиерот Битиќи го потврди ова.

„За сите возачки дозволи задолжено е Министерството за внатрешни работи да бидат без надомест“, истакна тој.

Митко Бојмацалиев, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, рече дека одлуката е веќе потпишана.

Тој дополни дека сите вработени во МВР кои работеле на документите за викендите и празниците утре на своите сметки ќе добијат уште една плата.

Битиќи додаде дека во наредниот период ќе се бара решение како да им се надомести на оние граѓани кои платиле за нови документи, а во меѓувреме повторно платиле за предвремено да ги подигнат со новото уставно име.

Владата на денешната седница донела одлука и патните листови, кои инаку чинеа 30 евра, да бидат бесплатни за сите македонски државјани кои се во странство а при тоа не успеале да го променат пасошот за да се вратат назад.

„Дополнително МНР е задолжено да превземе активности соодветно каде што нема дипломатско-конзуларни претставништва, патните листови да се испраќаат по пошта и тоа да се прави онлајн за да немаат граѓаните дополнителни трошоци“, рече Битиќи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

На затворена седница на Судски совет се одлучува за имунитетот на врховниот судија Георгиев, уапсен за примање поткуп

По денешното апсење на врховниот судија Наке Георгиев, поради наводно примање поткуп од 10.000 евра, на полноќ заседаваше Судскиот совет во однос на тоа дали треба да му биде...