fbpx

Заглавиле во автомобил на врвот на Галичица, спасувачката акција траела три часа

Патниот правец на кој се наоѓале заглавените лица подолго време бил затворен за моторни возила, за што била поставена и соодветна сообраќајна сигнализација. Лицата, сепак, одлучиле да возат по забранетиот пат, по што заглавиле

-

Неколку лица утрово заглавиле во автомобил на врвот на Галичица, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Заглавените побарале помош на бројот 112, по што акцијата на ЦУК траела три часа – од 5 до 8 утрово.

Патниот правец на кој се наоѓале заглавените лица подолго време бил затворен за моторни возила.

„Веднаш се известени од Единицата за спасување на планина во Охрид, коишто, согласно временската видливост, итно се упатиле на терен за да помогнат и да ги извлечат, а секако и сите надлежни институции биле известени за натамошна постапка“, велат од ЦУК.

Паралелно било комуницирано и со граѓаните од заглавеното возило за да се дознае повеќе за нивната состјоба, при што биле информирани дека спасителите се на пат за нивно извлекување.

Инаку, согласно информацијата на АМСМ за сезонскиот режим на сообраќај од 15 јануари, патниот правец Охрид – Ресен, преку Националниот парк Галичица, е затворен за сообраќај за сите видови возила, сè до 1 април. На самото место била поставена и соодветна сообраќајна сигнализација.

ЦУК апелира за внимателно возење на повисоките места каде што има снег и да не се вози по забранети патни правци на планините, како што е случајот преку Галичица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Радев: Наскоро ќе стане јасно дали ВМРО-ДПМНЕ ќе работи на евроинтеграциите

Бугарскиот претседател Румен Радев коментира дека наскоро ќе биде јасно дали новоизбраната претседателка Гордана Силјановска-Давкова и партијата ВМРО-ДПМНЕ ќе работат за европската перспектива на Скопје. Тој, како што пренесува...