fbpx

ДУИ го избра Талат Џафери за технички премиер, ќе стапи на функција на 28 јануари

Централното претседателство на ДУИ го овластило претседателот на ДУИ, Али Ахмети да ги продолжи разговорите со политичките партии и да одлучува за евентуални коалиции за претседателските и парламентарните избори

-

Актуелниот претседател на Собранието на РСМ, Талат Џафери ќе биде идниот технички премиер, кој ќе седне на чело на македонската влада на 28 јануари 2024 година. За ова попладнево информираше министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој посочи дека Централното претседателство на ДУИ денеска одржало состанок.

За шеф на Централниот изборен штаб на ДУИ за изборите 2024 година е избран Фатмир Бесими.

Централното претседателство на ДУИ го овластило претседателот на ДУИ, Али Ахмети да ги продолжи разговорите со политичките партии и да одлучува за евентуални коалиции за претседателските и парламентарните избори.

Инаку, лидерите на политичките партии на средбата што ја одржаа во понеделникот договорија формирање на техничка влада согласно актуелниот закон од 28 јануари, при што политичката партија ДУИ ќе го даде премиерот на техничката влада. Лидерите на парламентарните политички партии се согласија првиот круг од претседателските избори да се одржи на 24 април, додека на 8 мај да се одржат вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Џулијан Асанж го доби правото на жалба против екстрадиција во САД

Џулијан Асанж доби дозвола да поднесе нова жалба против неговата екстрадиција во САД, каде е обвинет за објавување воени тајни, и ќе може да ги оспори гаранциите на САД...