fbpx

Ременски: Имаме докази дека еден граѓанин има три ЕМБ

-

СДСМ поседува докази дека има случаи кога едно лице има три единствени матични броја, соопшти потпретседателката на СДСМ, Фросина Ременски, во интервју за „Радио слободна Европа“.

– Нашите сознанија велат дека имаме случаи кога еден граѓанин има повеќе матични броеви, имаме документација за три матични броеви на еден граѓанин – рече Ременски.

Потпретседателката на СДСМ вели дека власта не поседува докази против ниту еден осомничен за операцијата „Пуч“.

– Доколку постоеја докази за сериозни дејства на луѓе против државата, власта во ниту еден случај немаше да го остави лидерот на опозицијата на слобода. Ним им требаше приказна. Од самиот почеток им беа дадени насоки на провладините медиуми како да ја водат медиумската пропаганда и манипулација во случајот „Пуч“, а тоа е странски служби, алудирајќи на јужниот сосед, што исто така е сериозен меѓународен преседан – рече Ременски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...