fbpx

Приведено лице под сомнеж дека му помогналo на Палевски да избега од Бугарија во Турција

Скопјанецот се сомничи дека со автомобил „Ланд Ровер“ му помогнал на Љупчо Палевски - Палчо, првоосомничен за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, да избега од Бугарија во Турција

-

Oсновното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднело предлог за определување мерка краткотраен 48-часовен притвор против 46-годишен скопјанец под сомнение дека извршил – Помагање, извести обвинителството.

Лицето се сомничи дека со автомобил Ланд Ровер му помогнал на Љупчо Палевски – Палчо, првоосомничен за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски да избега од Бугарија во Турција.

Сомневањето дека тој му помогнал произлегува од досега прибавените докази од Бирото за јавна безбедност, Сектор за меѓународна полициска соработка.

Возилото било регистрирано на граничните премини во Р.Бугарија и тоа со влез во Р.Бугарија на ГП Калотина и излез од Р.Бугарија на ГП Капитан Андреево (кон Р.Турција).

„И двете регистрации се со возило марка Ланд Ровер, управувано од осомничениот. Лицето е лишено од слобода и со него полициски службеници од Секторот за меѓународна соработка извршија информативен разговор. Во конкретниот случај, постојат околности кои го оправдуваат стравот за опасност од бегство, како и особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело, со оглед на околностите за видот и карактерот на делото, запретената казна и последиците од истото“, велат од обвинителството.

Претходно, од МВР и од обвинителството изјавија дека Палевски ја напуштил државата. Тој заминал за Србија, до каде го пренел неговиот адвокат, кој во изјава за медиумите рече дека Палевски му кажал дека треба да оди на преглед. Понатаму на Палевски му се губи трагата и по него е распишана меѓународна потерница. На мрежата за комуникации Вибер тој бил последен пат активен на 2 декември.

За двете убиства во притвор се четири лица, меѓу кои и таткото на Вања Ѓорчевска. Се очекува во текот на вечерта ним да им биде продолжен 48-часовниот притвор, откако полицијата ќе ја достави кривичната пријава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...