fbpx

Од ноќеска ќе се намалат цените на дизелот и бензините

Од полноќ, цената на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 81 денари за литар, бензинот со 98 октани ќе чини 83 денари за литар, дизел горивото Еуродизел-БС ќе се продава за 83 денари за литар, додека маслото за горење екстра лесно 1 ќе чини 82 денари за литар

-

Малопродажните цени на дизелот и на екстра-лесното масло за домаќинство се намалуваат за 3 денари за литар, а малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се намалуваат за 2,50 денари за литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Освен тоа, се намалува малопродажната цена на мазутот М-1 НС, за 0,8 денари за килограм и сега ќе изнесува 45 денари.

Од полноќ, цената на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 81 денари за литар, бензинот со 98 октани ќе чини 83 денари за литар, дизел горивото Еуродизел-БС ќе се продава за 83 денари за литар, додека маслото за горење екстра лесно 1 ќе чини 82 денари за литар.

„РКЕ донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,97 отсто во однос на одлуката од 6 октомври.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 5,5 отсто, кај дизелот за 6,3 отсто, кај екстра лесното масло има намалување за 6,7 отсто и кај мазутот намалувањето е за 2,4 отсто“, наведено е во соопштението од РКЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...