fbpx

Усвоена предлог-одлуката за прераспределба на буџетот

За пораст на платите се издвоени 4,25 милијарди денари, а за пензиите се издвоени 3,5 милијарди денари

-

Собранието денес ја усвои Предлог-одлуката за препраспределба на средства во Буџетот за 2023 година, соопшти Министерството за финансии.

Најголемите суми се наменети за покачување на плати, пензии и помош за компании.

За пораст на платите се издвоени 4,25 милијарди денари, за пензиите се издвоени 3,5 милијарди денари, а за државна помош за компании се издвоени 1,81 милијарда денари.

Останатиот дел од буџетот е наменет за земјоделски стипендии, исплата на ДДВ, студентски оброк и стипендии, редовно сервисирање на породилните боледувања, исплата на сооцијани права, набавка на лекот „Трикафта“, дигитални сензори за мерење на шеќерна болест, справување со Африканската чума како и превод, печатење и откуп на учебници за основно и средно образование.

Алоцирани се и 4,55 милијарди денари во Програмата П1 средства наменети  за антиркизни мерки за справување со кризата.

Министерот за финансии Фатмир Бесими посочи дека со ваквата прераспределба не се отфрла ниту еден капитален проект и дека капиталните расходи остануваат на повисоко ниво од буџетскиот дефицит, кој пак останува на исто ниво во номинален износ, со што се покажува посветеноста кон постепена фискална консолидација.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
Број 659 на стрипот „Алан Форд“ нацртан од Вероника Гуити. Фото: Мета.мк.

За прв пат во 55 години, стрипот „Алан Форд“ го црта жена

Со мајскиот, 659-ти број на култниот италијански стрип „Алан Форд“, издавачот и сценарист Макс Бункер ја претстави уметницата Вероника Гуити како нова членка на тимот. Во уредничкиот коментар во 659-тата...