fbpx

Меѓународниот суд во Хаг продолжува со сослушувања за тужбата на Украина против Русија за геноцид

Рекорден број на држави учеснички во историјата учествуваат на судењето - 34 од 193 членки на ОН, односно речиси 20 проценти

-

Меѓународниот суд на правдата на ОН во Хаг во понеделник ги продолжува сослушувањата за тужбата на Украина против Русија во врска со Конвенцијата за геноцид, пишува Укринформ.

Од утре до 27 септември ќе се одржат јавни расправи за прелиминарните приговори изнесени од Русија. Сослушувањата ќе се одржат во два круга: претставниците на Русија ќе зборуваат на 18 и на 25 септември, а претставниците на Украина ќе имаат збор на 19 и на 27 септември.

Спорот се однесува на толкувањето, примената и спроведувањето на Конвенцијата за спречување и казнување на злосторството геноцид од 1948 година. Во тужбата поднесена против Руската Федерација до Меѓународниот суд на ОН, Украина бара Русија да биде повикана на одговорност за искривување на концептот на „геноцид“.

Украина ја поднесе тужбата на 26 февруари 2022 година, два дена откако Русија изврши целосен упад во земјата.

Вкупно 32 држави се приклучија кон случајот со свои интервенции, пренесува Укринформ. Тие ќе учествуваат и на судското рочиште.

На 5 јуни 2023 година, Меѓународниот суд на правдата донесе наредба со која се потврдува дека интервенциите на 32 држави се прифатливи. Ова е рекорден број на држави учеснички во историјата, односно 34 од 193 членки на ОН (речиси 20 проценти), учествуваат во судењето.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...