fbpx

МВР ги демантира обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за директорот на Бирото за јавна безбедност

Демантот се однесува на објавите дека директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Сашо Тасевски отворил компанија за тргување со компјутерска технологија регистрирана на адресата на неговиот дом

-

Министерството за внатрешни работи (МВР) остро ги отфрли неодамнешните тврдења на опозициската партија, ВМРО ДПМНЕ, означувајќи ги како класични дезинформации. Демантот се однесува на објавите дека директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) отворил компанија за тргување со компјутерска технологија регистрирана на адресата на неговиот дом. Министерството соопшти дека целта на наводите е дискредитација на поединци и самата институција. Како што додаваат, тие се изнесени без консултација со соодветната институција.

Според портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на 12 октомври 2022 година на домашна адреса на Сашо Тасевски е регистрирана компанија за трговија, услуги и производство со ограничена одговорност, а сопственик и управител бил член на семејството на Тасевски.

Стоилковски, на вчерашната прес-конференција обвини дека „Сашо Тасевски е директно одговорен за спречување на криминалот и корупцијата на терен“, но како што вели тој, фактите покажувале дека „веројатно повеќе се посветувал на развојот на приватниот бизнис“.

Од МВР појаснуваат дека минатата година била поднесена Изјава за интереси, официјално евидентирана во документацијата на антикорупционерите, со која се потврдува дека предметната фирма не е на директорот Тасевски. Од Министерството исто така велат дека биле исполнети сите законски обврски и одговорности.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...