fbpx

И денеска насобрани лица пред општинската зграда во Звечан, протести и во Зубин Поток

Десетици од насобраните стојат во близина на Домот на културата во Звечан, покрај оградата засилена со бодликава жица што вчера ја поставија припадниците на КФОР

-

По нередите во неделата во Звечан и судирите на демонстрантите – Срби со косовската полиција, утрово повеќе лица повторно се собраа пред општинските згради во Звечан и Зубин Поток. Состојбата пред зградата на општина Звечан сè уште е стабилна, јавува KoSSev.

На граѓаните таму им се придружил и поранешниот градоначалник на општината, Драгиша Миловиќ, инаку еден од повредените во нередите завчера. Десетици од насобраните стојат во близина на Домот на културата, покрај оградата засилена со бодликава жица што вчера ја поставија припадниците на КФОР.

На присутните во близина на општинската зграда во Звечан им се обрати поранешниот собраниски претседател на оваа општина, Срѓан Милосављевиќ, кој уште еднаш побара специјалците да се повлечат од општините, а градоначалниците Албанци да не ги извршуваат функциите од таму.

Со насобраните лица во Зубин Поток се и поранешниот градоначалник на општината, Срѓан Вуловиќ, како и лидерката на ГИ за Зубин Поток, Милија Бишевац.

Протестите на Србите во три општини на северот од Косово почнаа во понеделникот, а присутните бараат специјалните полициски единици да се повлечат од северот и на вработените да им се овозможи пристап до објектите.

ОдKoSSev

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...